573
Со уредбата на Владата за замрзнување на изборите, Државната изборна комисија е задолжена да донесе ревидиран, а не нов роковник, објаснува поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски.
– Избирачкиот список не е заклучен се уште и ДИК има капацитет да го ажурира, со оглед на тоа што четири пати годишно добива податоци за промените во избирачкото тело – изјави Новаковски на Телма.
Тој посочува дека голем дел од изборните дејствија биле завршени пред изборите да бидат прекинати, односно замрзнати.