По подолг период брачниот пар Јелена и Новаќ Ѓоковиќ повторно е забележан заедно.
Тие двајцата присуствувале на свадбата на неговиот пријател и кум Невен Марковиќ со неговата избраничка Наташа Дерикоњ, а српските фотографи ги дочекале пред влезот во локалот каде се случувала веселбата.
Она кое е забележително, Новак е облечен во бела кошула и одело во светла боја, додека пак Јелена се одлучила за кежуал комбинација. Таа избрала црна сукња и кожна јакна, кои ги дополнила со марама. На лицето нема шминка, а косата и е немарно врзана во пунџа.
Сопругата на Ѓоковиќ и во минатото беше позната како поборник на природното, како кога е изгледот во прашање, така и околу навиките во исхраната.
Често изјавува дека важно и е облеката да и биде удобна, и дека сака да се чувствува добро во тоа што го носи на себе.
На свадбената забава исто така присуствувале голем број на јавни личности, а гостите ги забавувала Милица Павловиќ.
Вики Клинчарова