Новак му откри на светот како стана најголемиот досега

by Fokus

Новак Ѓоковиќ во интервју за веб-страницата „Хед“ зборуваше за тоа што му се вртело низ глава во најважните моменти од неговата кариера, кога го освои Вимблдон, Ролан Гарос, стана број еден во светот, нанижа 43 победи и откри дека после секоја постигната цел се мотивирал со нова и на крајот станал најголемиот досега.

Маршот на Новак кон врвот започна во 2011 година кога забележа 43 победи. Тој го освои Австралија опен, турнирот во Дубаи, Мастерсот во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим, победи во Белград, пред да биде сопрен од Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос.

– Тоа не беше мојата цел. Се чувствував одлично бидејќи претходната сезона ја завршив на најдобар начин, со освојувањето на Дејвис купот за Србија. Ми даде инјекција на самодоверба. Сезоната и серијата ја започнав со победа на Австралија опен. Кога го имате ветерот на грб, понекогаш се чувствувате како ништо да не може да ве спречи. Продолжив да победувам и колку повеќе победував, толку подобро се чувствував на теренот. Престана да ми биде важно кој е од другата страна на мрежата, на каква подлога се играше. Беше феноменално чувство кое можеше да се случи само еднаш – изјави Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на денешницата.

Новак потоа ги освои сите четири Грен слем турнири во низа во 2015 и 2016 година. Вимблдон и УС Опен во 2015 година, а во текот на следната сезона Австралија Опен и Ролан Гарос, први во неговата кариера.

– Отсекогаш сонував да го освојам Вимблдон и да бидам прв во светот. Кога успеав, си реков: „Сега што? Кој е мојот следен сон“? Тогаш сакав да освојам што е можно повеќе Грен слемови и да ги комплетирам титулите бидејќи сè уште го немав освоено Ролан Гарос. Изгубив неколку финалиња и почувствував многу фрустрација поради тоа. Сепак, секоја година се чувствував поблиску. Конечно го направив тоа во 2016 година, а пред Хуго Киртен, еден од моите идоли од детството, три пати го освои Ролан Гарос. Пред тоа, го прашав дали можам да нацртам срце на теренот со рекетот, како што правеше порано, и тој ми даде благослов. Тоа го направив и оттогаш освоив четири Грен слем турнири по ред – рече популарниот Ноле.

За познатото финале на Вимблдон во 2019 година со Роџер Федерер и денес се зборува.

Швајцарецот имаше две меч топки при 8:7 во петтиот сет на свој сервис, но и тоа не му беше доволно, српскиот тенисер го доби со 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12.

– Се сеќавам дека веќе беше доцна, сонцето беше ниско и веќе не гледавме добро. Ме брејкна при 8:7 во петтиот сет и сервираше за победа. Тој имаше две меч топки при 40:15. Мојата цел беше да го натерам да игра подолг бод, да ја заслужам победата. Тој отиде до мрежата, јас играв додавање. Изгледаше малку уморен. Статистички беше подобриот играч во финалето, но јас најдов начин да триумфирам. Ги одиграв вистинските шутеви во вистинско време. Финалето беше многу напнат, веројатно најтензичниот меч што некогаш сум го одиграл. Можеби би го додал финалето на Австралија опен против Рафаел Надал во 2012 година. Тие два меча се издвојуваат како најдобри што сум ги одиграл – рече Ѓоковиќ.

Освојувањето на Ролан Гарос во 2023 година, неговата 23. Грен слем титула, има посебно значење за Новак, неговите деца, сопругата и целото семејство беа на трибините.

– Многу важен момент. Одиграв солидно, може да се каже многу добро, со оглед на тоа што немав многу успех во таа сезона на земја. Но, знам дека на Ролан Гарос го играм мојот најдобар тенис на таа подлога и тоа секогаш ми дава самодоверба. Тоа брилијантно го покажав против Карлос Алкараз во полуфиналето, кога беше во најдобар ред. Имав јасна визија за тоа како треба да играм и на што треба да се фокусирам. Го одиграв и тој натпревар, а и финалето против Каспер Руд, одлично. По последната точка само паднав на земја. Моите деца, мојата сопруга и целото мое семејство беа на трибините. Тоа беа едни од најубавите моменти што сум ги доживеал – изјави Ѓоковиќ.

Поврзани новости