Новак Ѓоковиќ загуби од Алехандро Табило во третото коло на Мастерсот во Рим

by Fokus

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Рим, бидејќи денеска во третото коло беше поразен од Чилеанецот Алехандро Табило со 6:2, 6:3.

Натпреварот траеше 68 минути. Табило моментно е 32. тенисер во светот.

Чилеанецот веќе направи брејк во првиот гем од првиот сет, а потоа стигна до 2:0 на свој сервис. Табило продолжи да игра добро во остатокот од мечот, а потоа освои уште два гејма за да стигне до 4:0.

Ѓоковиќ потоа го доби првиот гем од мечот на свој сервис и намали на 4:1. Во продолжението од мечот Чилеанецот ја задржа предноста од четири гема и го доби првиот сет со резултат 6:2.

Табило водеше со 2:0 на стартот од вториот сет. Потоа се играше гејм по гем, а Чилеанецот направи нов брејк во деветтиот гем и го доби вториот сет со резултат 6:3.

Табило во осминафиналето ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој со 6:2, 6:4 го совлада Аргентинецот Франциско Серундола.

Мастерсот во Рим се игра за награден фонд од 7.877.020 евра.

По дуелот со Муте во второто коло, Новак Ѓоковиќ доживеа бизарна непријатност кога шише кое испаднало од ранецот на еден навивач го удри во глава додека тој даваше автограми на излегување од теренот.

Поврзани новости