Новак Ѓоковиќ мораше да се повлече од Ролан Гарос, а тоа „скапо ќе го чини“

by Fokus

Новак Ѓоковиќ неверојатно се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, но ден подоцна мора да се повлече од тој грен слем турнир.

Ѓоковиќ во неверојатен меч во пет сета вчера го совлада Серундоло, но во таа прилика заработи тешка повреда.

„Поради скинат медијален менискус на десното колено (откриен денеска на магнетна резонанца), Новак Ѓоковиќ, кој утре во четвртфиналето требаше да игра против Каспер Руд, беше принуден да се повлече од Ролан Гарос“, се вели во официјалното соопштение.

Вистинските љубители на тенисот, а особено навивачите на Ноле, се надеваа дека тој ќе може да игра против двократниот финалист на францускиот опен – Каспер Руд.

Првиот рекет на планетата денеска имаше магнетна резонанца и јасно е дека резултатите не се онакви какви што се надеваше, бидејќи сигурно немаше да се предаде пред четвртфиналето на грен слемот и пред мечот со Руд.

Поради повлекувањето од Ролан Гарос тој се откажа и од првото место на АТП листата.

Новиот светски рекет број 1, од следниот понеделник, како и да заврши овој Грен слем, ќе биде Јаник Синер.

Поради ваквиот несреќен сплет на околности за српскиот ас, Италијанецот ќе стане 29-тиот број 1 на следната АТП листа, откако ова рангирање беше воведено во 1973 година.

 

 

Поврзани новости