344
Едно лице денеска загина при отстранување на дрво оштетено во невремето од 19 јули во Хрватска.
Полицијата утрово околу 10:15 часот добила пријава за несреќата. На местото на настанот се испратени полициска патрола и брза помош.
Како што подоцна соопшти полицијата, од очевидци било утврдено дека околу 10 часот и 10 минути при сечење даб во двор од семејна куќа во Бабина Греда дрвото се свртело и паднало врз 65-годишен маж. Од здобиените повреди 65-годишниот маж починал на местото на настанот.
Освен тројцата загинати во разорното невреме на 19 јули, загина и еден пожарникар при санирање на штетите по невремето.