Нова закана на сестрата на севернокорејскиот лидер: Ќе одговориме и на најмала провокација

by Fokus

Севернокорејската армија веднаш ќе одговори на секоја провокација, изјави денеска Ким Јо Џонг, сестрата на лидерот Ким Џонг Ун.

Таа ги даде коментарите откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе од 60 артилериски гранати во близина на морската граница на запад вчера, а повеќе од 200 еден ден претходно.

-Да бидеме појасни уште еднаш, чкрапалото на нашата армија е веќе отклучено. Нашата војска ќе одговори со огнан и во случај на најмала провокација, изјави Ким Јо Џонг, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Јужна Кореја во петокот одржа вежби на море како одговор на артилериските гранати, јавува Ројтерс.

Жителите на јужнокорејските погранични острови тогаш беа предупредени да одат во засолништа, иако нема информации дека гранати ја минуваат морската граница.

Ким негираше дека Пјонгјанг истрелал гранати вчера и тврдеше дека активираните експлозиви биле измама.

Поврзани новости