Денеска во 13 часот е закажана вонредна седница на Град Скопје за да се реши проблемот со ЈСП, каде вработените бараат да им се исплати септемвриската плата, а денес цела метропола е оставена без јавен превоз.
„Постапено е од страна на градоначалник според Заклучоците од вчерашната вонредна седница по иницијативата предложена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, информираа од Советот на Град Скопје.
Во текот на вчерашниот дека беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието.
Но, денеска до претседателот на Советот е доставена предлог -одлуката од страна на актуелната градоначалничка Данела Арсовска, со што веднаш е испратена покана до сите советници за експресно одржување на седницата.
Автобусите на ЈСП останааа паркирани во двете бази на претпријатието во Ѓорче Петров и Автокоманда.
Вработените уште од 04:30 часот утринава се собрани во кругот и јавното претпријатие барајќи исплата на септемвриската плата.
Но наместо плата вработените во ЈСП „Скопје“ заработија кривична пријава од Градот.
Од Јавното претпријатие велат дека дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП ги спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк.
„Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и Скопјани.
Ирена Мулачка