Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт, регулаторните тела, агенциите, државните комисии, државните компании, општините, со која се уредува висината и начинот на исплата на паричниот надомест по основ на склучен договор за дело на лица ангажирани во овие институции.
„На овие лица им се исплаќа целосен паричен надомест за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31-ви декември 2020 година, доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување“, велат од Влада.
Од таму додаваат дека доколку лицата опфатени со оваа уредба со денот на влегувањето во сила на овој акт се евидентирани како пријавени вработени лица во Агенцијата за вработување, ним ќе им се исплаќа 50 отсто од паричниот надомест, кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.