Тројцата потпретседатели на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити вечерва биле во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонја (СДСМ) откако го напуштија состанокот на централното претседателство на ДУИ, потврдуваат високи извори во СДСМ за НОВА ТВ.
Арифи, Бејта и Меџити разговарале со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за условите за можна коалиција на партијата со СДСМ. Извори за НОВАТВ велат дека потпретседателството вечерва успеало да го притисне Ахмети и неговите приврзаници коишто преферираа коалиција со Груевски и го убедиле дека вреди да се разговара со социјалдемократите, по што тие тргнале во Скопје на разговори.
Изворот на НОВА тврди дека по средбата се убедени дека „има поголема верба дека Ахмети ќе донесе разумна одлука која ќе ги рефлектира интересите на граѓаните и партијата“.