Нова циклонска активност доаѓа во Македонија: Следуваат нови врнежи и ветер

by fokus

Под влијание на нова циклонска активност која се формира над северна Италија, во текот на денешниот ден од запад облачноста постепено ќе се зголемува. Во попладневните и во вечерните часови особено на запад и на север ќе има повремени врнежи од дожд, на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје и околината облачноста ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да достигне до околу 14 степени.

За време на викендот ќе имаме врнежи во поголем дел од државава, особено на запад и на север истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со грмежи и повремено ЗАСИЛЕН ветер. Максималните дневни температури поради јужното струење ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 10 до 18 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости