Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.
Минатата недела бензинот поскапе за половина денар, а дизелот се намали за истиот износ.
Еуросупер БС 95 во моментов е 69 денари, додека Еуросупер БС 98- 71 денари за литар, а од друга страна дизелот се продава за 61 денари по литар.
Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство е 50,50 денари литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.
Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна ги објави новите цени на дериватите. Од ноќеска по полноќ бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за 1 денар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари по литар.