Нова тракторска несреќа: Загина жител од Тимјаник

by Fokus

С.Р. (70) од село Тимјаник го загубил животот откако тракторот со кој управувал, се превртел и го згмечил. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, а била пријавена вечерта, во 20.20 часот во Полициската станица – Неготино.

Според извршениот увид, тракторот се превртел при излегување од нива, движејќи се кон колскиот пат со мала удолнина.

Доктор констатирал повреди од кои С.Р. починал, а за настанот е информиран и јавен обвинител.

Поврзани новости