(Видео) Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени

by irena 18:02
18:02

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти.

Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.

Слични вести