Книжарницата „Литература.мк Суперстор“ и кафе-барот „Кафе Литература“ ја почнаа својата нова приказна на нова станица, во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“.
Во новиот продажен простор, „Литература.мк“ и кафулето што се сместени на вкупна површина од 600 квадратни метри, се застапени над 12.000 книги од домашни и од странски издавачи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата.
Освен големиот избор од белетристиката, нашата најнова книжарница изобилува со книги за деца и стручна литература на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик и други изданија од повеќе области.
Како и другите книжарници на „Литература.мк“, така и во новата суперпродавница можете да најдете богата понуда на дизајнерски производи за домот, квалитетен избор на канцелариски и училиштен материјал, училиштен прибор, дидактички и едукативни изданија, помагала за уметност и дизајн, како и селектирана гифт-програма и луксузни подароци.
Во архитектонски модерно дизајнираниот простор на книжарницата е сместен и најголемиот локал на книжевното кафуле „Кафе Литература“, осмислен за релаксација, дружба и споделување на убави моменти. Кафулето е конципирано и како место за промоции и за одржување на разни културни случувања, книжевни средби, мини-концерти и настани, бизнис-презентации и снимања.
„Литература.мк“, која почна како интернет-продавница (www.literaturа.mk), сега има седум специјализирани книжарници, сместени на најфреквентните места: на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје, на „Широк Сокак“ во Битола и во центарот на Струмица.
ПР текст