Нова средба со мечка во Словачка – брачен пар бил нападнат додека го шетале своето куче

by Fokus

Во Словачка се случи уште еден напад на мечка, во кој беше нападнат средовечен брачен пар кој го шеташе своето куче по пешачка патека во областа Липтовски Микулас, соопшти денеска Словачкиот институт за заштита на природата.

Во нападот што се случил во неделата попладне, маж се здобил со полесна повреда на стапалото, пренесува ТАСР.

Како што се наведува, за време на прошетката, сопружниците застанале за момент на просторот за одмор, кога мечката ненадејно се приближила.

Животното го повредило стапалото на човекот додека се обидел да ја прескокне заштитната ограда, а парот потоа се сокрил во блиската колиба.

Во официјалното соопштение на Заводот за заштита на природата се потврдени бројни пријави за средби со мечки.

Во неколку окрузи на северот на Словачка кон крајот на март беше прогласена вонредна состојба поради појавата на таканаречените синантропски мечки, мечки кои се навикнаа да живеат во близина на луѓе.

Поврзани новости