Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин

by Fokus

Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција во близина со границата со земјава.

- Advertisements -

Најсилниот од овие земјотреси на територијата на Битола и околината бил почувствуван со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека во истото подрачје во 16:14 часот бил регистриран земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтер. Овој потрес во Битола и околината бил почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани новости