Следната недела лидерската четворка се враќа на преговарачката маса во обид за спас на договорот од Пржино.
Партиски извори брифираат дека датумот на изборите и форматот на Владата што ќе треба да ги организира изборите ќе бидат главни теми на преговарачката маса.
Пред средбата, на пониско ниво партиите треба да постигнат начален договор или рамка за прочистувањето на Избирачкиот список, како и за реформите во медиумите.
Новата влада според очекувањата ќе се финализира на лидерско ниво, како и датумот за избори, но и деталите околу списокот и медиумите.
Очекувањата и прогнозите се тоа да се стигне до крајот на месецот, за да се спроведат избори на 30-ти октомври или на 7-ми ноември.
Официјално, од партиите молчат дали веќе преговараат или подготвуваат терен за средба.