Во месецот на штедењето, ПроКредит започна кампања за промоција на онлајн штедење, еден од уникатните продуктина банката. Под слоганот „Зачувај ги парите, времето, планетата“, заедно со Mastercard, банката ја промовираше услугата Флекси штедна сметка, целосно дигитална банкарска услуга која нуди голем број предности и бенефити за сите нови и постојни клиенти на банката.
Кампањата во фокус ги става позитивните ефекти од штедењето онлајн и користењето дигитални банкарски услуги, што овозможува не само бројни поволности, туку и придонесува за зачувување на животната средина.
Отворањето на штедна сметка е со само неколку кликови и е целосно онлајн, со што се избегнуваат непотребни посети на експозитурите што го штеди вашето време, а тоа е дополнителен мотив кој ќе ви ја олесни одлуката да почнете да штедите. Со Флекси онлајн штедењето, клиентите имаатцелосна флексибилност да дополнуваат и повлекуваат заштеди директно преку мобилната апликација 24/7, за самоедна фиксна провизија. Во исто време каматната стапка по видување е најатрактивна во земјата и изнесува 0.8% заМКД и 0,4% за ЕУР, која се пресметува на дневно ниво, а сеисплаќа на месечно ниво.
Целосната дигитализација на услугите, вклучувајќи го и Флекси штедењето, е дел од стратешките заложби наПроКредит Банка, каде се лидери на пазарот и поставуваат нови стандарди во индустријата. Денес, ова е особеноголема конкурентска предност, кога сите бизниси се стремат кон дигитализирање на услугите, а клиентите сѐ повеќе тоа го гледаат како неопходност во нивното динамично секојдневие.
Интересно за кампањата е што покрај очекуваните бенефити за штедењето време и пари, фокус става и на зачувување на природата. Имено, ПроКредит Банка во своето оперативно работење посветува голем труд и активно се инволвира во еко-иницијативи, а на пазарот е позната како Банка која поддржува и финансира зелени приоекти. За тоа говорат резултатите од нивното работење во изминатите години – досега, на ниво на Групација ПроКредит Банка ги има намалено CO2 емисиите за 56%, а истовремено е поборник за користење на еко решенија за транспорт. Па така, дури70% од возниот парк на Банката се електрични или хибридни автомобили кои возат на струја произведена одфотоволтаичната централа поставена на кровот на Централната управа.
Со избор на целосно онлајн штедење во ПроКредит Банка, осигурувате сигурна заштеда и активно се вклучувате со поддршка на идните зелени проекти на првата и единствено целосно дигитална банка. Дознајте повеќе на следниот линк.
ПР текст