Нова партија на политичката сцена, каратистот Јорго Огненовски ја основа „Демократи“

by fokus

На македонската политичка сцена ќе и се придружи нова партија под името „Демократи“. Зад иницијативата за нејзино формирање стои легендарниот каратист, Јорго Огненовски, кој е познат по своето искуство во филмската индустрија во Холивуд.

Основачкото собрание на „Демократи“ ќе се одржи оваа сабота во хотел Карпош. На Основачкото Собрание и официјално ќе се основа партијата, а ќе се презентираат целите и задачите, начинот на кој ќе работи и делува партијата, ќе се донесат Статутот и Програмата за работа и ќе се изберат органите на Партијата.

 

Поврзани новости