697
Студентка на Медицински факултет без лиценца и положен државен испит пет месеци работела како лекарка во Итната медицинска помош, тврдат извори за НОВА од Здравствениот дом. Од податоците и документите од книгите каде што се евидентира секој повик, до кои дојде НОВА може да се види дека незавршената докторка се уште обавува самостојно докторска дејност, оди на повици и дава терапија на пациенти. Според вработените во Итната медицинска помош таа води смена, дежура и е “докторот” во амбулантните возила на повик придржувана од медицинска сестра и возач.
Од Нова и се јавија на „докторката“, а таа призна дека веќе пет месеци работи без диплома и без положен државен испит и лиценца. Целата сторија прочитајте ја тука.