Повеќе илјади граѓани и свештеници се собраа вечерва на протестниот митинг „Литии за спас на Србија“, пред зградата на Патријаршијата на СПЦ во Белград, од каде започнаа протестна прошетка која заврши пред храмот Свети Сава, каде патријархот Порфириј одржа Сенародна молитва за светоста на бракот и фамилијата.
На собирот беше истакнато дека целта на денешната поворка е да се спречи одржувањето на манифестацијата Европрајд, со порака дека ќе се соберат иститот ден доколку во рамките на манифестацијата Европарајд закажана за 17 септември се одржи прошетка и доколку МВР не го дозволи шетањето.
Тие побараа „забрана за промоција на хомосексуална и транссексуална идеологија кај малолетниците“, како и повлекување на веќе донесените закони и забрана за усвојување на сите други закони кои „удираат на христијанските и семејните вредности“.
Граѓаните, свештенството и монасите во поворката носеа икони, крстови, транспарети, но и слики од Путин, слики на Дража Михаиловиќ, свеќи, знамиња на Србија и големо знаме на Русија, а кон поворката се приклучија и организирани групи мотоциклисти „Ноќни волци“.
На присутните верници им се обрати патријархот Порфириј, кој рече дека „Бог утврдил што е природно, а што неприродно“.