По завршувањето на денешната лидерска средба, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ испратија идентично соопштение за јавноста во кое се вели дека на средбата разговарале за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите и воедно договориле повторно да се состанат за неколку дена.
-Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни, се вели во кусото соопштение.
На денешната средба освен лидерите на најголемите политички партии во земјава, Никола Груевски, Али Ахмети, Зоран Заев и Мендух Тачи, присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и абасадорот на САД, Џес Бејли.