400
Лидерите на најголемите политички партии денеска во Скопје ќе се сретнат на преговори со цел излез од политичката криза. Официјална најава кога ќе се одржи средбата нема. Според последните информации, средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници во 17 часот попладнево.
Според досегашните информации, двете страни остануваат на своите ставови, опозицијата бара Груевски да се повлече од премиерската фунција најдоцна шест месеци пред избори, а власта инсистира премиерот да остане на чело на преодната влада, со што шансите за договор меѓу лидерите се мали.
На средбата се очекува да бидат присутни американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли и европреставникот Аиво Орав, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот.