Денес во Македонија пристигна нова група Американци за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата.
Волонтерите беа пречекани на аеродромот од страна на директорката на Мировен корпус во Северна Македонија, Дебора Конор, како и дел од вработените.
-Ова е 26 група на волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија, а втора откако беа евакуирани во 2020 година заради светската пандемија. Од година во година, бројот на волонтерите сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците служат во Македонија, изјави Конер.
За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации.
Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.
Волонтерите ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија, ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември годинава. Над 800 американски државјани служеле во Северна Македонија од 1996 година.