Нова Година во Париз, распоредени 5.400 полицајци

by Fokus

Префектурата на полицијата во Париз, со цел новогодишната ноќ да помине без проблеми, најави дека ќе го зајакне својот безбедносен систем на 31 декември, јави дописникот на МИА од Париз.

Вкупно 5.400 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени во главниот град и неговите предградија. Засилен систем, со цивилен персонал, ќе биде мобилизиран и во јавниот транспорт и на јавните патишта.

Посебно внимание ќе се посвети на Шанзелизе, каде ќе се одржи музичка забава со огномет. Од полицискиот штаб соопштија дека ќе обезбедат „видливо присуство“ со цел да се спречи „криминално или опасно однесување“.

Во реонот околу Елисејските полиња, продажбата на алкохол ќе биде забранета од 18 часот овој петок до 8 часот наутро во понеделник на 2 јануари.

Поврзани новости