Нова дојава за бомба во скопско училиште

by Fokus

Денеска во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училишта, велат од МВР.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости