Нова демократија со 20 отсто разлика пред Сириза, но недоволно за состав на влада

by fokus

Партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис води во грчката изборна трка со голема разлика, а по неа е левичарската партија Сириза, предводена од Алексис Ципрас.

Владејачката конзервативна партија има водство со 40 отсто од гласовите врз основа на околу 70 отсто од преброените ливчиња, наспроти 20 отсто за Сириза.

Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија засега не го обезбедува потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така можно е на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат и вторите избори.

Со преброени 71,39 отсто од гласовите, резултатот е следен:

Нова демократија: 40,83 отсто и 145 пратенички места
СИРИЗА: 20,07 отсто и 72 пратенички места
ПАСОК-Движење на промена: 11,82 отсто и 42 пратенички места
Комунистичка партија на Грција: 7,09 отсто и 25 пратенички места
Грчко решение (Hellenic Solution): 4,50 проценти и 16 пратенички места

Останатите партии кои не влегуваат во Парламентот заедно имаат освоено 15,69 отсто.

Поврзани новости