778
Др Елизабета Ивановска е поставена за нов в.д. директор на Клиничката болница во Битола. Ивановска е специјалист интернист, супспецијалист пулмолог и беше началничка на Интерното одделение.
Нејзиното поставување на чело со битолската болница следи откако претходниот директор Александар Обедниковски денеска ја депонираше оставката. Тој соопшти дека оставка дава од морални причини.
Битолската болница веќе три недели е во центарот на вниманието откако во оваа болница почина шестгодишната Јана Христова. Завчера уште една трагедија ја потресе јавноста, кога почина новороденче непосредно по раѓањето, откако на родилката и била дадена таблета за провокации по што била пуштена дома.