Нова директна линија од Скопје до Крф, летовите ќе почнат од 1 јуни

by Fokus

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје до островот Крф, објави Ex-Yu Aviation.

Летовите ќе почнат од 1 јуни и ќе се одвиваат до 28 септември. Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страницата на авиокомпанијата. Повратен билет има со почетна цена од 220 евра.

Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје – Сараево.

Поврзани новости