Нова демократија води пред СИРИЗА

by fokus

Опозициската Нова демократија води на европските избори во Грција, со 9 проценти предност во однос на владејачката СИРИЗА, според првичните официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, по преброени 13,23 отсто од гласовите, заклучно со 22 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно:

Нова демократија 33,10 проценти

СИРИЗА 23,99  проценти

Движење на промена 7,23 проценти

Комунистичка партија на Грција 5,84 проценти

Златна зора 4,85 проценти

Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент

Мера25 (Варуфакис) 3,11 проценти

Останати партии 17,86 проценти

Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент.

Поврзани новости