474
Нов земјотрес ја потресе Турција. Овојпат потресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во турската провинција Адијаман, на југоистокот од земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.
Извештаите се дека земјотресот се случил во околината на градот Синџик, во 16:26 часот по локално време, пренесува РИА Новости.
Епицентарот бил на длабочина од 7 километри.
На почетокот на февруари годинава речиси 60.000 луѓе загинаа во земјотрес од 7,8 степени што ги погоди јужна Турција и северозападна Сирија.
Оттогаш речиси секој ден има послаби потреси во Турција.