Нов земјотрес во БиХ

by fokus

Вечерва нов земјотрес се случи во Босна и Херцеговина. Во 20:02 часот земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер, а епицентарот бил само девет километри источно од Столац или 37 километри југоисточно од Мостар.

Длабочината на земјотресот се проценува на два километри.

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ во 23 часот и седум минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 15 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информираше дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени.

 

Поврзани новости