506
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 31 минути во Охрид.
Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 11 километри северо-западно од Ресен и на 8 километри источно од Косел. Граѓаните се вознемирени, дел од нив спијат во кампови или во своите возила. Во текот на денот забележани се два земјотреси, еден од 3,1 степен според Рихтеровата скала и другиот од 2,1 степен по Рохтер.
Ноќта што измина во Охридско беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите четири минути по полноќ.