Нов земјотрес со јачина од пет степени во Турција

by fokus

Нов земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната турска провинција Хатај, јавуваАнадолија.

Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Дефне, на длабочина од 10 километри.

Гувернерот на Хатај Рахми Доган за Анадолија изјави дека надлежните служби се на терен.

Поврзани новости