Нов земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот е во Јадранскотo море

by fokus

Нов земјотрес попладнево, неколку минути по 14 часот се почувствува во земјава. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во Јадранско море, a неговата јачина е 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е на 38 километри од Тирана, на длабочина од два километра. По силниот земјотрес во Албанија, попладнево кај нас почувствуван беше уште еден земјотрес чиј епицентар беше во градот Мостар.

Во силниот земјотрес што се случи ноќеска со јачина од 6,4 степени според Рихтер, во Албанија загинаа над десет лица, а стотици се повредени.

 

Поврзани новости