581
Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти.
Епицентарот на земјотресот е во близина на градот Риџерст, околу 240 милји североисточно од Лос Анџелес.
Како што известува Си-Ен-Ен, во градот имало материјална штета, а неколку лица биле повредени. Луѓето во паника бегаа на улиците, оштетени се куќи, згради и јавни објекти.