Нов земјотрес од 4 степени синоќа го стресе Драч

by fokus

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтерова скала го погоди синоќа албанскиот пристаништен град Драч, соопшти Националниот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 36 километри под површина на земјата.

Во ноември минатата година Албанија ја погодија серија земјотреси во кои загинаа повеќе од 40 луѓе.

Поврзани новости