418
Земјотерес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска, во 3.54 часот, во охридското епицентрално подрачје, 6 километри источно од Охрид, во Косел, на длабочина од 6 километри.
Серија земјотреси во Охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер. Во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.
Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните.