851
Нов силен потрес вечерва во 22:07 минути ја стресе Албанија, а интензитетот се проценува на 4.5 степени по Рихтер.
Епизентарот на земјотресот е на 20km од Тирана, и 5km од Валона, а на длабочина од 10km.
Во меѓувреме се уште се проценуваат штетите од вчерашните земјотреси, од кои најсилниот беше 5.8 степени по Рихтер. На терен се пријавени оштетувања на 569 објекти, како и на 53 куќи во Тирана и во Драч. Првичната бројка од 105 повредени се зголеми на 136.