Бундестагот ја отфрли резолуцијата за испорака на ракети со долг дострел Таурус во Украина, предложена од Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ и ЦСУ), пренесе ТАС, повикувајќи се на германската новинска агенција ДПА.
Според извештаите, резолуцијата со која директно се повикува федералната влада да ги испорача ракетите во Киев, била отфрлена со мнозинство гласови.
– Се разбира, парламентарната група на либералите (ФДП) е за испорака на „таурусот“, но сметам дека е незадоволително што денеска ги одржавме тие дебати, во услови на загриженост за нашите војници – рече пратеникот на ФДП, Нилс Гриндер.
Olaf Scholz’s ruling coalition votes down a motion by the opposition CDU party for Germany to send Taurus cruise missiles to Ukraine.
Disappointing…. Keep trying @RadtkeMdEP pic.twitter.com/8MCp0dWjrY
— Visegrád 24 (@visegrad24) January 17, 2024
Претходно, група пратеници од владејачките Зелени и ФДП, како и од опозициските партии ЦДУ-ЦСУ, побараа „таурусот“ да му биде доставен на Киев, кој пак долго време бараше од Берлин да ги испорача ракетите, но канцеларот Олаф Шолц воздржано одговори на тие барања и на крајот одлучи да не ги испорача барем до почетокот на октомври, јави ТАС.
За потребите на германската армија пред 10 години се направени околу 600 ракети „Таурус“.
Овие проектили се сметаат за слични на британските ракети „Storm Shadow“, кои веќе се испратени во Украина.
Сепак, овие германско-шведски ракети имаат малку поголем дострел – 500 километри.