Синоќа во Долни Дисан, Неготино, се одржа првото издание на фестивалот Дисан Опен Фест, настан кој привлече голем број на посетители.
Со скара, пијалок и музички настапи на вокалистката Ана и рок бендот Журнал, како и диџеј ПС, фестот вчера успеа да го заживее Дисан и да донесе бројни посетители од целата општина.
Покровители на настанот се Општина Неготино и Месната заедница, но и повеќе компании од приватниот сектор.
Посетителите пак, задоволни од понудените содржини, порачаа дека фестивалот е манифестација која треба да стане традиционална.
Пред десет дена и во неготинското село Војшанци се одржа прво издание на Војшанци Вилиџ Фест, на кој главни музички ѕвези беа рокерите од групата Галија.
И тамошниот настан помина со многубројна публика, а од организацијата изјавија дека целта им е фестивалот да стане традиционален, и да се покаже дека и во малите населени места може да се одржуваат квалитетни забавни настани.
Вики Клинчарова