Нов тренд во Неготино: Наместо во кафуле, во библиотека

by fokus

 Локалната библиотека ,,Страшо Пинџур“ – Неготино, во изминативе неколку години станува се попосетено место, како од младите, така и од постарите читатели. Реновираниот простор, големиот избор на нови литературни наслови и удобното катче во центарот на градот повторно ја заживеа, па голем е бројот на младите кои што наместо во кафуле, се одлучуваат да поминат неколку часа во библиотеката. Раздвиженоста пред библиотеката е доста зголемена, млади влегуваат и излегуваат постојано во текот на денот, па посетителите на градот од страна, дури и не можат да поверуваат дека во Неготино има толку голем интерес за читањето.

Отворно ново катче за најмладите читатели

Иста така, од денес библиотеката доби и новото Детско франкофонско катче – прво од ваков вид во земјава. Овој проект е реализиран со соработка и поддршка на Француски институт – Скопје, Општина Неготино и непрофитната организација Библионеф – Франција.

biblioteka1

Во изминатиов период, градската библиотека често организира разни конкурси и натпревари, со цел да ги поттикне младите повеќе да читаат и творат.
Редовно се избираат и наградуваат најчитатели, се организираат креативни натпревари по повод празникот Свети Трифун, се организираат средби со писатели, со што популарноста на библиотеката се повеќе расте кај неготинчани.
biblioteka2
 Чи

,,Нашата приказна започна во далечната 1945 година и се уште трае. Во тоа време светот беше црно – бел, но полека започна да се обојува во трка со технологијата. Денес сме преплавени со бои, но нешто остана црно – бело, мастилото и хартијата, кои ја имаат најголемата моќ да произведуваат безброј нијанси, да поврзат безброј светови и соништа. Пресреќна сум што нашата библиотека постои повеќе од седумдесет години, што секојдневно, особено во последните години бројот на нашите читатели се повеќе расте“, вели Катерина Данаилова, директорка на библиотеката.

Таа објаснува дека комплетно е реновиран целиот простор, направено е едно удобно катче за љубителите на пишаниот збор.

„Организираме многу настани, конкурси за креативни изработки, доделуваме признанија за најчитатели, реализираме филантропски акции и донации, ги поттикнуваме младите повеќе време да минуваат со книгата, наместо пред компјутер, ја стимулираме читателската култура. Снабдени сме со сите најнови литературни изданија, имаме околу 60.000 наслови, и иако Неготино е лозарски крај, сепак сфативме дека луѓето се желни за добра книга, а самото тоа што бројот на читатели од пред неколку години до денес е дуплиран збори доволно“, вели Данаилова.

Вики Клинчарова
 

Поврзани новости