Нов состанок на Комисијата за заразни болести

by Fokus

Комисијата за заразни болести утре точно напладне ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата, потврди за МИА, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

– Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Поврзани новости