589
Американскиот производител на авиони „Боинг“ откри нов софтверски проблем кај приземјениот модел „737 МАХ“, но компанијата не очекува тој да го одложи враќањето на воздухоловот во редовна употреба, кон средината на оваа година.
Тоа е најмалку третиот софтверски проблем што е откриен откако „737 МАХ“ беше приземјен во март минатата година, по двете авионски несреќи, во кои погинаа 346 лица, пренесуваат агенциите.
Од „Боинг“ наведуваат дека проблемот бил откриен при промените што се изведуваат на софтверот на моделот „737 МАХ“, јавија американските медиуми.
Грешката била воочена кај функцијата за предупредување на пилотите за системот што се користи за авионот да се насочи нагоре или надоле, со помош на придвижување на опашката на леталото.