Маж на возраст од 44 години е новиот позитивен пациент на Ковид – 19 од Неготино.
Според информација од Центар за јавно здравје Кавадарци, станува збор за лице вработено во Граничната полиција, кои било во контакт со негов колега, исто така позитивен на вирусот.
-Се работи за лице од групата на вработени во Гранична полиција, кое било во контакт со позитивниот полицаец од Унгарија.
Неготинчанецот е со благи симптоми на вирусот, засега останува на домашно лекување. Решение за изолација им е издадено на седум лица кои имале контакт со него – појаснуваат од центарот.
Ова е трет случај на вработен во Гранична полиција од Неготино, кој е позитивен на Ковид – 19.
Вчера од Министерството за здравство објавија дека е регистриран позитивен случај на вирусот и во Кавадарци, жена на возраст од 65 години.
Од ЦЈЗ Кавадарци апелираат да се прекине со шпекулации, бидејќи низ градот вчера се проширила вест дека има околу седум нови случаи на корона вирус.
-До денес, во Кавадарци активен е само еден случај. До овој момент нема регистрирано нови заболени. Апелираме да се прекине со шпекулации, да не се создава паника помеѓу населението, за секој нов случај транспарентно известуваме. Исто така, апелираме за почитување на мерките за превенција – апелираат од ЦЈЗ.
Вики Клинчарова