Нов случај на корона вирус во Неготино

by Фокус

Центар за јавно здравје-Кавадарци денес информира за нов случај на Ковид-19. Станува збор за жена на возраст од 63 години, пензионерка, која поради симптоми на вирусот се тестирала. Таа не знае од каде се заразила, и со блага клиничка слика останува на домашно лекување, а се утврдуваат нејзините контакти.

Исто така, регистриран е и нов позитивен случај во Росоман. Се работи за маж на 58-годишна возраст, кој бил тестиран поради пројавени симптоми. И тој навел дека не знае како се инфицирал.

Од почетокот на пандемијата во Неготино се инфицираа 58 лица, а 11 случаи се активни. Речиси сите позитивни пациенти навеле дека не знаат од кого се заразиле.

Во Кавадарци пак, досега се инфицираа 252 лица, а активни се 52 случаи.

В.К.

Поврзани новости