Нов случај на корона вирус во гостиварскиот регион

by Fokus
Епидемиолозите открија еден нов случај на инфициран со корона вирусот во гостиварскиот регион. Од последните пет тестирања, едно лице од општина Врапчиште имало позитивен резултат на КОВИД 19.
До денеска се активни вкупно 30 случаи. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во Маврово и Ростуше 3.
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот за денеска околу пладне најави нов состанок на кој покрај градоначалниците ќе присуствуваат и претставници на повеќе институции. Тој претходно состојбата ја оцени како стабилна и предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита.
Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 475 тестови од кои 51 лице имале позитивни резултати на КОВИД 19. Од нив, 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.

Поврзани новости