Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот.
Членовите на нафтената алијанса ОПЕК + треба да се состанат оваа недела за да разговараат за ситуацијата со снабдувањето.
Цената на северноморската нафта од типот „Брент“ се зголеми за 1,18 отсто на 116,5 долари за барел, а американската нафта WTI зајакна за 1,02 отсто на 110,8 долари за барел.
Либија има се повеќе проблеми со извозот на „црното злато“ поради влошувањето на политичката криза, додека антивладините протести во Еквадор се закануваат да го прекинат производството во таа поранешна членка на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), пренесува „Блумберг“.