Нов скандал на синот на Бајден – фотографиран со проститутки и дрога

by Fokus

Хантер Бајден – синот на американскиот претседател Џо Бајден деновиве е на насловните страници бидејќи се најде среде секс скандал. Имено, протекоа илјадници фотографии на кои се гледа како гол се забавува со дрога и проститутки.

Десничарската група Марко Поло објави речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер на кои се гледа како се дрогира и се забавува со проститутки.

Меѓу вкупно 8.864 слики има и секојдневни семејни фотографии со таткото и другите членови на семејството Бајден.

Фотографиите се направени помеѓу 2008 и 2019 година на Хаваи, Кабо Сан Лукас, Косово, Кина, Лондон, Париз и Рим, пишува Daily Mail, а се извадени од апликацијата MacBook Pro iPhoto на Хантер и iPhone XS, 674 слики испратени се со текстуални пораки.

Објавувањето на овие фотографии предизвика шок кај семејството Бајден бидејќи покрај експлицитните фотографии на Хантер има и фотографии од малолетни членови на семејството.

Во април Бајден објави дека повторно се кандидира за нов мандат во Белата куќа, а овој скандал на неговиот син може да остави дамка на неговата претседателска кампања.

Поврзани новости